Сан Антонио од следната сезона ќе има нов тренер?

Грег Попович, eден од најуспешните тренери во историјата на НБА-лигата, не ја исклучува можноста да се пензионира по крајот на актуелната сезона. Иако популарниот Поуп во април потпиша тригодишен договор со Сан Антонио, оваа сезона може да му биде последна во 24-годишната кариера.

Попович е на клупата на Спарс од 1996 година и е најзаслужен за успехот на династијата. Тексашката франшиза освои пет шампионски титули, последната во 2015 година, а трипати беше избран за тренер на годината.

Доколку Попович одлучи да се повлече, на негово место треба да дојде Бил Селф, предводникот на универзитетскиот тим на Канзас. Селф е добар пријател со челниците на Сан Антонио, а своите способности ги покажа уште во 2008 година, кога го одведе Канзас до титула во НЦАА лигата.

- Оглас -

Најнови вести