Сан Антонио победи со Данкан во улога на главен тренер, а Тим скромен: Јас само им се дерев на играчите

Во возбудлива завршница Сан Антонио се одбрани во последниот напад против Шарлот и запиша минимален триумф со 104:103. Во овој меч за првпат во тренерската кариера Тим Данкан ја имаше улогата главен предводник на Спарс заменувајќи го Грег Попович, кој поради лични причини не присуствуваше на натпреварот.

По дуелот, Данкан беше скромен и посочи дека речиси ништо не правел од клупата освен што се дерел на играчите.

„Да бидам искрен, не седев на столчето за „големите момчиња“. Цело време имав помош од Беки Хамон, Вил Харди и Мич Џонсон. Мич го подготви тимот за натпреварот, Беки и Вил работеа на сè останато. Јас само стоев пред аут-линијата и им се дерев на играчите. Така што, целиот стручен штаб го диригираше мечот, кој било од нив да ја преземеше одговорноста, резултатот ќе беше ист. Грег ќе се врати и ќе ми биде мило да му го отстапам местото“, истакна Данкан.

- Оглас -

Најнови вести