Сан Антонио повторно игра во „Стејплс“, ќе загуби и од Лејкерс

ЛА лејкерс – Сан Антонио спарс (04ч)

Спарси два дена во низа играат против екипа од Лос Анџелес, и тоа во „Стејплс центарот“. Ноќеска загубија од Клиперс со минимални три поени разлика, а слична судбина им се пишува и против најефикасниот тим на Западот. Иако се стари ривали и во минатото овие мечеви се сметаа за дерби, сега не може да се каже така бидејќи Сан Антонио го нема потребниот квалитет да се надигрува со динамичното дуо Џејмс-Дејвис.

Лејкерси ги добија двата овосезонски дуели против Спарс кои се одиграа во Тексас, во кои Леброн беше незапирлив, а ниту за Веѓата кошаркарите на Попович немаа одговор. Езерџиите целат на создавање победнички ритам по победата над Сакраменто бидејќи претходно не беа на потребното ниво и загубија два меча во низа, иако во тој период не им беше до играње по трагичната смрт на Коби Брајант.

Предлог тип: 1 & <226,5 поени (2.25)

 

Јанис Адетокумбо (Њу Орлеанс пеликанс – Милвоки бакс, 01:30ч)

Њу Орлеанс не отстапува од својата напаѓачка филозофија иако во поголем дел од натпреварите таа не функционира. Младите Пеликани ќе бидат мотивирани да го совладаат најкорисниот играч во лигата за минатата сезона, а тоа му одговара на Адетокумбо од причина што од него се очекува ефикасна партија.

Бакси претходно сезонава славеа против Њу Орлеанс и тоа без Јанис, а со него секако се многу поопасни.

Предлог тип: Ј. Адетокумбо >30,5 поени (1.87)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокетс – Шарлот хорнетс, 02ч)

Брадата во последните два меча кои Хјустон ги доби заврши со дабл-дабл учинок и постигнати 36, односно 40 поени. Вечерва на Ракетите им е потребна уште една таква партија од Харден, особено што нема да има помош од Капела, додека Вестбрук е неизвесен и веројатно нема да игра против Шарлот.

Харден многу лесно може да го одведе Хјустон до седма последователна победа против Хорнетс, кои пак се во во кризен период со претрпени три последователни порази.

Предлог тип: Џ. Харден >38,5 поени (1.90)

 

Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс (03ч)

Денвер ќе има проблем против незадржливиот Демиен Лилард бидејќи ѕвездата на Портланд ќе нема адекватен противник да го чува затоа што Џамал Мари е надвор погон веќе извесно време. Како и да е, се очекува овој меч да биде еден од повозбудливите од програмата за ноќеска која ја нуди НБА-лигата.

Блејзерси се во серија од четири победи и чекор по чекор се доближија до осмото место на табелата на Западот, кое води во разигрувањата. Нагетси, пак, се мачат да врзат неколку победи, а нивната неконстантност може да ги чини во овој меч. За Портланд можеби е време да се радува против Денвер ако се знае дека ги загубија последните четири меѓусебни дуели.

Предлог тип: Т1 & Т2 >117,5 поени (1.88)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести