Сан Хозе знае да игра мајсторки, го елиминира Колорадо за конференциско финале

Сан Хозе шаркс повторно одигра најдобро кога беше најпотребно и во нова серија во 7 меча излезе како победник. Ноќеска популарните Ајкули славеа со 3:2 против Колорадо авеланш и со вкупен резултат од 4:3 се пласираа во финалето на Западната конференција.

Ќе играат против Сент Луис и ќе имаат предност евентуалниот решавачки меч да го играат на домашен терен.

А, само пред две седмици, Ајкулите беа на работ на елиминација, откако губеа со 1:3 против ланскиот финалист Вегас голден најтс и притоа го загубија капитенот Џо Павелски.

Павелски имаше тежок пад на мразот, дури и крвареше, но се врати токму навреме да го предводи својот тим до ново коференциско финале, четврто за Сан Хозе во оваа деценија.

Постигна прекрасен водечки гол, а потоа и му асистираше на Томас Ертл за 2:0, а отпорот на Колорадо го скрши Донској со трет гол за Ајкулите.

Рантанен и Јост беа стрелци за Колорадо, екипа која повторно не успеа да биде финалист во својата Конференција, а последен пат Авеланш тоа го сторија во 2002 година. До следната сезона ќе останат со двата пехари што ги имаат во Стенли купот, а Сан Хозе ќе се обиде да го елиминира Сент Луис на патот до големото финале во мисијата за првпат да се биде шампион во НХЛ-лигата.

- Оглас -

Најнови вести