Сан Марино и Гибралтар одиграа 1:1 во меч од Д сегментот на Лигата на нации. Ова е најслабиот сегмент во ова европско натпреварување. Гибралтар водеше со голот на Вокер од пенал во 11 минута, но Сан Марино не се предаде и радоста на домаќините пристигна во 90+2 минута кога Нани, истотака од пенал погоди за 1:1.
Со овој гол и реми, Сан Марино испиша историска година. За прв пат откако игра оваа репрезентација, во една година може да се пофали дека има три меча на кои не загубила. Во март, Сан Марино одигра 0:0 против Сент Кристофер и Невис, а потоа следуваше победата над Лихтенхтајн со 1:0 во Лигата на нации. Ремито од синоќа против Гибралтар е трет меч без пораз, но и шанса за Сан Марино да стигне до првото место во групата.
По досега одиграните мечеви, Гибралтар е прв со 6 бодови од четири меча, Сан Марино има четири бодови од три средби, а Лихтенштајн е со два бода од три меча. Во последното коло, Лихтенштајн е домаќин на Сан Марино, па доколку се случи Сан Марино да победи и ги освои трите бода, директно ќе се пласира во Ц сегментот од Лигата на нации за следниот циклус.