Санчес е како нов на Копа Америка, го одведе шампионот Чиле во четвртфинале (Видео)

Чиле е прв четвртфиналист на Копа Америка, по втората победа во Ц групата, ноќеска против Еквадор со 2:1. Алексис Санчес игра како препороден на шампионатот на Јужна Америка и со неговиот гол во второто полувреме, актуелниот бранител на титулата се пласира прв во нокаут фазата со 8 селекции.

Чиле поведе со погодокот на Хозе Фуензалида во осмата минута, а Еквадор брзо закрепна од почетниот шок и израмни со гол од пенал. Енер Валенсија беше прецизен од белата точка во 26. минута, што е прв гол за Еквадор на турнирот и прв примен погодок на Чилеанците.

Решавачки беше моментот од 51. минута кога Алексис Санчес погоди за 2:1 и за победа на фаворитот.

https://www.youtube.com/watch?v=V5s_j2TPghs

Чиле во првото коло го надигра и декласира гостинот на турнирот, селекцијата на Јапонија со 4:0 и е лидер во Ц групата со 6 бода, пред Уругвај со 4, Јапонија со еден бод и Еквадор без бодови.

Дербито во последната рунда од фазата по групи ќе одлучува за победникот, а меѓусебе ќе играат Чиле и Уругвај. Шанса за пат во четвртфиналето имаат и Еквадор и Јапонија, селекции што ќе играат за две од трите места што како третопласирани во групите ќе им овозможи да играат во нокаут фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести