Санчес се разигра, Чиле ја прегази Јапонија (видео)

Селекцијата на Чиле со убедлива победа од 4-0 над Јапонија ја започна одбраната на титулата на Копа Америка. Избраниците на Рејналдо Руеда немаа милост кон „самураите“ и уште на стартот покажаа дека немаат намера да се откажат од јужноамериканскиот трон. Се разигра Алексис Санчес, со гол и асистенција офанзивецот на Манчестер јунајтед ја предводеше својата репрезентација и беше прогласен за играч на натпреварот.

Чилеанците доминираа уште од самиот почеток на средбата, но за првиот гол се мачеа до 41-вата минута, кога отвори Пулгар, а по десетина минути во вториот дел на 2-0 зголеми Варгас. Во финишот од средбата за убедливиот триумф се погрижи токму Санчес. Прво во 82-рата минута стрелаше за 3-0, а една минута подоцна му асистираше на Варгас за вториот гол, вкупно четврти на мечот.

Чиле во следниот меч ќе се соочи со Еквадор, Јапонија првите бодови на шампионатот ќе ги бара против Уругвај.

https://www.youtube.com/watch?v=X0Mq6p0Ris8

- Оглас -

Најнови вести