Санчес шоу – даде гол, доби црвен картон, а Интер продолжи да гази

Интер стигна до шестата победа во шестиот меч сезонава во Серија А, откако победи со 3:1 на гостувањето кај Сампдорија. Со овој триумф, Нераѕурите продолжуваат со најдобриот старт на една сезона во историјата на клубот.

На гостувањето кај Сампдорија, Алексис Санчес беше во главна улога. Чилеанецот за прв пат беше стартер во дресот на Интер, ама не успеа да одигра 90 минути, бидејќи доби црвен картон во 46 минута. Сепак, пред да биде исклучен, Санчес беше главен играч на теренот.

Интер поведе со голот на Сенси, чиј удар го закачи и Санчес, топката го смени правецот и заврши во голот. Само две минути по тој погодок, следуваше нова радост за гостите. Санчес погоди во 22 минута за 2:0, а потоа во 43 минута доби жолт картон.

https://youtu.be/Fhekgs955kk

Само што почна второто полувреме Санчес симулираше дека врз него е направен прекршок за пенал, а судијата тоа го забележа и му даде втор жолт картон, што автоматски значеше и негово исклучување.

https://youtu.be/iQDAXCzST7w

Иако играа речиси цело второ полувреме со играч помалку, Интер успеа да ја сочува предноста.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести