Санчес за 12 минути имаше само еден допир со топката, а заработи 75.000 фунти!

Манчестер јунајтед вчера го претрпе деветтиот овосезонски пораз во Премиер лигата, додека Манчестер сити го запиша шестиот триумф на последните осум гостувања на „Олд Трафорд“. Резултатот од 0-2 можеби не покажува дека „граѓаните“ толку многу доминираа во градското дерби, но сите што го проследија натпреварот знаат колку Јунајтед беше немоќен.

Напаѓачкото дуо Рашфорд-Лингард не беше на потребното ниво, а ниту со влегувањето на тројцата офанзивци, Санчес, Лукаку и Марсијал, „црвените ѓаволи“ едноставно не можеа да се надигруваат со англискиот првак.

Посебно невлијание имаше Алексис Санчес. Најплатениот фудбалер во Премиер лигата доби шанса да ги одигра последните минути од натпреварот, откако влезе во игра во 83-тата минута, а подобро ќе беше да останеше на клупата.

Санчес на тревата помина 12 минути, а за тоа време само еднаш ја почувствува топката. Иако никако не придонесе со присуството, Чилеанецот по овој меч е побогат за 75.000 фунти. Тој има клаузула во договорот според која ја заработува оваа цифра со секој одигран меч, без разлика колку време ќе помине на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести