Санчо ќе игра за Манчестер јунајтед, Милионерите веќе му најдоа замена

Џејдон Санчо сигурно ќе биде нов член на Манчестер јунајтед објавија англиските медиуми, а Борусија Дортмунд веќе му најде и замена.

Англискиот репрезентативец беше во фокусот на Црвените ѓаволи и минатото лето, но Милионерите од Дортмунд не попуштија и не ја намалија цената како отштета за одличниот офанзивец.

И сега имаше „ценкање“, но желбата на Санчо речиси сигурно ќе стане реалност и тој ќе го носи црвениот дрес на англискиот гигант.

Јасен знак за трансферот што ќе биде еден од најголемите ова лето е и тоа што раководството на Борусија веќе најде и замена за Санчо.
Тоа ќе биде Дониел Мален, холандскиот репрезентативец од ПСВ Ајндховен.

Мален има 22 години и е едно лето повозрасен од Санчо, а и двајцата за првпат се со своите репрезентации, Холандија и Англија, на Европско првенство.

Мален настапи на сите три меча за Холандија во фазата по групи, а двапати беше и асистент за головите на Дамфрис против Австрија и на Депај за првиот погодок во победата против Македонија од 1:0.

Санчо има скромна минутажа и одигра само десетина минути како резерва за Англија во победата против Чешка од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести