Сане дава голови и со гради, Сити подобар од Ватфорд

Манчестер сити со конечни 2-1 славеше победа на гостувањето кај непријатниот Ватфорд. Избраниците на Пеп Гвардиола се изборија за вкупно 13-ти триумф по 15 средби во англискиот шампионат.

„Граѓаните“ очекувано од стартот притискаа, па го скршија отпорот на „стршлените“ во 40-тата минута од мечот. Марез со висока топка го пронајде Сане во шеснаесетникот, а Германецот го совлада Фостер упатувајќи удар со гради.

Гостите брзо стигнаа до втор гол во второто полувреме. Овојпат Марез беше во улога на стрелец, а за 2-0 погоди во 51-вата минута. Ватфорд се обидуваше да се врати во игра, а почесниот гол го постигнаа во 84-тата минута преку Дукуре.

Сити по 15 меча, стои цврсто на врвот на табелата во Премиер лигата со вкупно 41 бод, Ватфорд ќе остане на 11-тата позиција со 20 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x6yday7

Резултати Премиер лига 15. коло:

Борнмут – Хадерсфилд 2-1

Брајтон – Кристал палас 3-1

Вест хем – Кардиф 3-1

- Оглас -

Најнови вести