Сантош знае колку е тежок патот: Имаме три финалиња до големото финале во Лондон

Фернандо Сантош знае колку е тежок патот до европската круна, но вели дека Португалија може да го одбрани тронот на кој за првпат се искачи во 2016 година.

Вечерва Португалците ќе имаат многу тежок осминафинален дуел против силната репрезентација на Белгија, па еден фаворит за титулата ќе мора да испадне.

„Сега сите репрезентации што продолжија имаат шанси за титулата. Знаеме кплку е моќна белгиската селекција, рангирана е како еден од главните кандидати за пехарот, но ние знаеме како се стасува дотаму. Се надевам дека ова ќе биде само првото од трите финалиња за нас на патот до финалето на Вембли во Лондон“, изјави селекторот на Португалија.

Една од гкавните дерби пресметки во осминафиналето ќе се игра вечерва од 21 часот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести