Сара Томас е феномен – четири пати без застанување го преплива Ла Манш

Американката Сара Томас направи вистински спортски подвиг кој треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди и стана првата личност (без разлика дали од машки или женски пол) која дури четири пати, и тоа без застанување, го препливала каналот Ла Манш.

Томас има 37 години и со ова неверојатно достигнување сакаше да испрати порака до сите кои боледуваат од рак, болеста која таа ја победи минатата година.

Хероината беше 54 часа и 10 минути во студените води (температурата на водата беше 18 степени) на англискиот канал, кој е тешко да се преплива еднаш, а камоли четири пати од францускиот до англискиот брег. Сара требаше да преплива околу 130 километри, колку што е воздушната линија ако четири пати одите од Довер до ртот Гри-Нез, но поради силните морски струи, таа го менуваше правецот и мина дури 210 километри.

Досега четворица го препливаа Ла Манш трипати без да застанат, а Сара е првата на која четири пати ѝ успеа.

„Најтешко ми беше да се борам со солената вода. Устата и грлото ми отекоа, но луѓето во екипата беа прекрасни, многу ми помогнаа и ме држеа силна. Првиот пат кога се вратив во Англија мислев да се откажам, а второто враќање од Франција траеше цела вечност, се борев со струите, по лицето ме касна медуза. Водата беше студена, но не колку што мислев“, рече Сара Томас.

- Оглас -

Најнови вести