Сараево се ослободи од Крсте Велкоски

Босанскиот клуб Сараево го раскина договорот со Крсте Велкоски, досегашниот капитен на екипата.

Прекинот на соработката се случува само неколку недели по несогласувањата меѓу македонскиот напаѓач и тренерот Дудиќ. Договорот му важеше до јуни 2023 година, но Велкоски вторпат во кариерата заминува од овој клуб.

„Крсте Велкоски и Сараево службено ја прекинаа соработката, која според договорот требаше да се одвива до јуни 2023 година. Крсте остави длабока трага во клубот во два мандати и со златни букви ќе биде запишан во нашата историја“, стои во официјалното соопштение.

На 34 години Велкоски ќе тргне во потрага по нов клуб. За Сараево одигра 235 меча, во кои постигна 65 гола и 43 асистенции, освојувајќи три титули во шампионатот на БиХ, како и три трофеи во тамошниот Куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести