Сари е во еуфорија – Го надмудри Мурињо, победата против Рома му ја честиташе и орелот на Лацио (Видео)

Маурисио Сари еуфорично ја прослави победата на Лацио против Рома со 3:2, откако во дербито „Дела капитале“ на вечните ривали успеа да го надмудри Жозе Мурињо.

Тренерот на лацијалите го надитри Португалецот и успеа да најде тактика за победа во многу возбудлив меч.

Прославата беше со навивачите на Лацио, но и со познатиот симбол на клубот, живиот орел, кој слета на раката на Сари по завршувањето на мечот.

Сари се радуваше на победа по головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, на Педро и на Фелипе Андерсон, а за Рома стрелци беа Роџер Ибањез и Жордан Верету.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести