Сари го провоцира Абрамович: Ќе бидам среќен ако газдата ми се јави

Челзи го претрпе најтешкиот пораз во историјата на Премиер лигата, откако вчера загуби со 0:6 на гостувањето кај Манчестер сити. Освен што ова е највисок пораз во последните 28 години за Челзи, лондонскиот тим прв пат по речиси три децении прими четири гола во првите 25 минути.

Тренерот Маурисио Сари беше немоќен да постави против игра за расположените играчи на Манчестер сити. Италијанскиот стратег вели дека не е загрижен за тоа дали може да добие отказ. Тој дури откри и дека досега никогаш не разговарал со газдата Роман Абрамович.

„Доколку претседателот ми се јави ќе бидам среќен бидејќи досега никогаш не сме се слушнале“, вели тренерот Сари, кој додаде дека Манчестер сити играл одлично, а Челзи играл очајно.

- Оглас -

Најнови вести