Сари: И да победиме и да испаднеме вечерва, останувам тренер на Јуве

Јувентус ја освои титулата во италијанската лига, но желбата на навивачите и сите во клубот е да се искачат на европскиот трон после 24 години пауза. Но, екипата на тренерот Маурицио Сари вечерва ќе треба да се помачи за да стигне и до четвртфиналето во Лигата на шампионите, бидејќи има непријатни 0-1 од првиот дуел со Лион.

Пред празни трибини на стадионот во Торино, Кристијано Роналдо и Јуве ќе треба да победат со два гола разлика, што нема да биде лесна задача, иако Бјанконерите се фаворити за пласман во следната фаза. Има шпекулации дека ако Јуве испадне, тренерот Сари ќе биде разрешен, но тој негира.

„Мислам дека директорите во клубот не се аматери, па да одлучат врз база на само еден меч. Тие прават анализа на целата сезона, и ако одлучат дека треба нов тренер, тоа нема да биде само поради денешниот меч, без разлика дали ќе победиме или загубиме“ – смета Сари.

„Знаеме дека Лион ќе се обиде преку контранапади, сега го имаат и Депај. Ќе биде тешко, ќе бидеме под притисок, ќе немаме поддршка од трибините како што имаше Лион на првиот меч, се надевам дека наскоро ќе се игра со публика. Пред мечот ќе видиме дали Дибала може да игра, одлуката ќе ја донесеме со лекарите“ – додава Сари.

- Оглас -

Најнови вести