Сари ја научи лекцијата од Роналдо: Кристијано нема да мора да игра одбрана

Јувентус вчера загуби од Тотенхем со 3:2 во контролен меч, но тоа што е поважно, се случи недоразбирање меѓу тренерот Маурицио Сари и првата ѕвезда во тимот, Кристијано Роналдо. Португалецот беше изваден во игра во второто полувреме, и тоа по три минути откако погоди за водство на Јуве од 2:1. Кога излегуваше од теренот, Роналдо имаше што да му каже на тренерот. 

Многумина овој разговор го протолкуваа како првата искра меѓу Сари и Роналдо, но тренерот брзо реши да ги смири страстите и ја објасни целата ситуација.

„Секако дека Кристијано Роналдо е нашиот најдобар фудбалер и затоа мислам дека треба добро да се организираме. Останатите 10-мина фудбалери ќе се враќаат и во дефанзивата, но Кристијано може да биде на кој било дел од теренот. Тој е најдобриот играч и сметам дека е многу важно да има слобода на теренот“, рече Сари по поразот од Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести