Сари ќе го одмора Азар, поважен му е мечот со Ливерпул

Челзи вечерва гостува во Прага кај Славија во првиот четвртфинален меч од Лигата на Европа. Екипата од Лондон е голем фаворит во двомечот против чешкиот состав, но во првиот дуел „сините“ најверјатно ќе настапат без најдобриот поединец Еден Азар.

Сари планира да го одмори Белгиецот за да биде свеж и целосно подготвен за гостувањето во недела кај Ливерпул, дерби кое ќе се одигра во рамките од 43-тото коло во Премиер лигата.

„Дури пред почетокот на натпреварот ќе донесам конечна одлука, но веројатно Азар ќе го прескокне овој меч. Треба да се земе предвид дека за три дена нè очекува тежок предизвик, гостуваме на „Енфилд“ против Ливерпул“, истакна Сари.

Азар во последните два првенствени натпревари против Брајтон и Вест хем забележа три погодоци и една асистенција, секако дека од него доаѓа најголемата закана за противниците, па јасно е зошто Сари сака да го одржи Белгиецот кондициски спремен.

Дуелот Славија Прага – Челзи е закажан за 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести