Тежок пораз – Саса Каменица прими 12 гола од Јувентус и не шутна на гол

Македонскиот првак Саса Каменица загуби со катастрофален резултат од 12:0 на гостувањето кај Јувентус во Торино во квалификациски меч за настап во Лигата на шампионите.

Епилогот е реален со оглед на бројот на вкупни удари на двете страни. Девојките што играат за Јувентус упатија вкупно 54 шута во рамките и надвот од голот на гостинките од Македонија, а Саса Каменица немаше ниту еден удар во целиот меч.

Аријана Карусо најави висока победа на Јувентус со гол во третата минута, а потоа повторно погоди во 12-тата минута, најавувајќи катастрофа на гостинките од Македонија.

Росучи само по 18 минути игра зголеми на 3:0, а Џирели во финишот на првиот дел ги постави конечните 4:0 по првото полувреме. Голеадата на Јувентус продолжи и во вториот дел, а голови постигнуваа Бонансеа, Џирели, Замаријан, Сташкова хет-трик, Карусо за уште еден хет-трик и Бонфантини за убедлива победа од 12:0.

 

- Оглас -

Најнови вести