Сасуоло беше оштетен против Рома? (Видео)

Рома го совлада Сасуоло со 3:1, но фалеа милиметри резултатот да биде поинаков. При резултат 1-0, во 20 минута, Сасуоло изведе корнер, а Чехот Патрик Шик лошо интервенираше, и ја сврте топката кон голот на својот тим. Топката падна зад линијата и отскокна во поле. Гостите бараа погодок, но гол-линија технологијата не му сигнализираше на главниот судија Џакомели.

Иако на снимката се чини дека е чист гол и оти Сасуоло е оштетен, се појави и фотографија од птичја перспектива, на која се гледа дека сепак, „за влакно“ топката не е целосно зад гол-линијата, и дека судиите можеби и имаа право кога не признаа гол за 1-1.

Рома ѝ се придружи на Борусија Дортмунд како единствени екипи од топ лигите во Европа кои сезонава имале 16 различни стрелци на голови. Денеска првиот гол за Рома сезонава го постигна Ѕаниоло. Сасуоло во финишот сепак постигна еден почесен гол и го ублажи поразот.

Торино го совлада Емполи со 3-0, а немаше гол на дуелот помеѓу СПАЛ и Удинезе. Колото завршува со дербито Интер – Наполи од 20.30 часот.

Погледнете го спорниот момент на „Олимпико“ и проценете дали Сасуоло даде гол уште во првото полувреме:

- Оглас -

Најнови вести