Сасуоло и Милан играа за ќеф на навивачите, ги искинаа мрежите (Видео)

Фудбалерите на Сасуоло и Милан одиграа одличен натпревар во 32-тото коло во Серија А кој заврши без победник 3:3, а притоа беа поништени два гола кои ги дадоа Росонерите.

Милан останува на второто место на табелата со 69 бода, додека Сасуоло е претпоследен на табелата со 26 освоени бодови.

Домашниот тим кој се бори за опстанок, одлично го започна мечот, по само десет минути игра имаше водство од 2:0 благодарение на головите на Пинамонти и Лауриенте.

До крајот на првиот дел, Росонерите успеаја да намалат и тоа преку Рафаел Леао, откако претходно им беше поништен гол поради офсајд.

 

На стартот од второто полувреме, Лауринте зголеми на 3:1, но и оваа предност не беше доволна за да се освојат сите три бода.

Прво Лука Јовиќ во 59-тата минута намали на 3:2, а во финишот, Ноа Окафор погоди за 3:3.

- Оглас -

Најнови вести