Саудијците имаат неверојатен план, по Роналдо сакаат да донесат уште 50 ѕвезди и да имаат најсилна лига на светот

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср е првиот чекор во реализацијата на неверојатниот план на Саудијците, да ја имаат најсилната лига на светот.

За таа цел е потребно да се донесат големи ѕвезди и првиот чекор е направен токму со Роналдо. Големиот ривал на Ал Наср, екипата на Ал Хилал пак на Лионел Меси му понуди неверојатни 400 милиони евра годишно, но Аргентинецот ја одби оваа понуда бидејќи сака да остане во Европа.

Ефектот со Роналдо и донесе голем корист на саудиската Про лига бидејќи многу телевизии ширум светот ги откупија ТВ правата за пренесување на натпреварите, а Саудијците сега сакаат многу повеќе.

Телевизијата ЕСПН објави дека богатите шеици и сопственици на клубовите во саудискиот шампионат, планираат да донесат дури 50 играчи од петте најсилни евроски лиги (Премиер лига, Серија А, Ла Лига, Бундеслига и Лига 1) и да ја направат својата лига најсилна на светот.

Засега планот е да се потпишуваат договори со фудбалери на кои им истекуваат договорите и налето можно е во Саудиска Арабија да се преселат фудбалери како Роберто Фирмињо од Ливерпул, Адама Траоре од Вулверхамптон, Јери Мина и Абдулаје Дукуре од Манчестер сити, Един Џеко од Интер…

„Не станува збор за тоа да ги донесете 50-те најдобри фудбалери на светот, туку за кревање на квалитетот на лигата која треба да стане прв избор за играчите надвор од петте најсилни европски лиги, а за неколку години саудиската Про лига да биде најсилна на светот“, објави ЕСПН повикувајќи се на анонимни извори од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести