Саудијците не се задоволуваат само со Њукасл, ќе го купат и поранешниот европски шампион

Фудбалската лига на Саудиска Арабија од следната сезона ќе биде една од најинтересните на светот, голем број на ѕвезди предводени од Кристијано Роналдо и Карим Бензема ги прифатија безобразно големите понуди, но Саудијците планираат своето влијание во фудбалот да го зголемат со купување на европски екипи.

Минатата година, Њукасл беше купен од страна на Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој е под директна контрола на престолонаследникот Мохамед бин Салман, а оваа година во нивни раце треба да дојде и поранешен европски шампион.

Според француските медиуми, ПИФ е во завршни преговори за купување на Олимпик Марсеј.

Доколку Саудијците го купат Олимпик Марсеј, за очекување е многу брзо доминацијата на ПСЖ кој е о рацете на катарското кралско семејство да биде ставена на вистински тест.

Олимпик Марсеј во 1993 година беше европски шампион, има и 15 титули во Лига 1, 10 во Купот на Франција, три во Лига купот и два во Суперкупот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести