Саудијците не запираат, соиграч на Роналдо може да му биде ѕвезда на Атлетико Мадрид

Иако летниот преоден рок сè уште официјално не е започнат, екипите од Саудиска Арабија секој ден договораат трансфери, најчесто од Премиер лигата, а сега на мета се најде една од најголемите ѕвезди во Ла Лига.

Последно име кое се споменува со трансфер во Саудиска Арабија, поточно во тимот за кој игра Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Според Футмеркато, челниците на Ал-Наср во Лондон се сретнале со претставници на Гризман на кој е разговарано за евентуалниот трансфер.

Гризман минатата сезона, Гризман одигра 46 меча за Атлетико во сите натпреварувања и постигна 16 гола и имаше 19 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести