Саудиска Арабија му „лежи“ на Интер, втора година по ред го освојува италијанскиот Супер куп (Видео)

Фудбалерите на Интер триумфираа во италијанскиот Супер куп откако во финалето го совладаа Наполи со 1:0, и тоа со гол во судиското продолжение.

Завршницата на италијанскиот Супер куп втора година по ред се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, и во двете изданија триумфира Интер.

Минатата година Нераѕурите во финалето го совладаа Јувентус со 2:1, а овојпат беа подобри од шампионот Наполи.

Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинес во 91-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести