Саудискиот принц ги покани Шпанките да му дојдат на Суперкупот

Принцот на Саудиска Арабија ги покани сите Шпанки во јануари да дојдат во неговата земја, поточно во Џеда, каде што ќе се игра шпанскиот Суперкуп во фудбал, а на трибините на стадионот „Крал Абдула“ ќе биде дозволен влез на жени и тие ќе може да бидат облечени како што сакаат.

Абдулази бин Туркин бин Фаисал Абдилазиз Ал Сауд е среќен што Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Валенсија ќе разигруваат за трофејот во неговата земја, и вети полни трибини на стадионот во Џеда. Еден од условите кои ги бараа Шпанците за настанот да се одржи во Саудиска Арабија беше да се дозволи во публиката да има и жени.

„Жените кај нас веќе две години смеат да влезат на стадион. Тие се присутни на трибините во сè поголем број. Фудбалските натпревари се како семејни настани. И во светиот град Мека жените може слободно да се движат. Навивачите кои ќе дојдат од Шпанија ќе бидат пријатно изненадени, многу работи се сменети во последните 10 години, одиме кон модернизација. Традиционалните работи си ги чуваме за себе. Ги каниме сите да дојдат, нека дојдат и жени од Шпанија, нека купат билети и нека уживаат во фудбалскиот празник“, вели принцот кој е одговорен за спортот во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести