Саутгејт ги советува своите играчи да не користат социјални мрежи за време на ЕП

Герет Саутгејт, селекторот на Англија, ги советува своите репрезентативци да не ги користат социјалните мрежи за време на Европското првенство кое летово ќе се одржува.

Според него, негативните коментари од страна на немили следбеници може да влијае врз менталната состојба на фудбалерите, што може да биде голема пречка во настапите.

Саутгејт не може со наредба да забрани користење на мрежите како „Твитер“ и „Инстаграм“, но посакува барем во периодот додека се одржува континенталното натпреварување, играчите да не бидат толку активни на социјалните мрежи, каде што моментално извира најголемата доза на ширење омраза врз расна основа и општествена нерамноправност.

Пред неколку дена, фудбалската легенда Тиери Анри одлучи да ги исклучи своите налози од најпопуларните социјални мрежи и нема да биде активен сè додека не се преземат мерки против ширењето омраза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести