Саутгејт остана без новата ѕвезда на Јунајтед за останатите два меча

Англиската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена за дуелите против Андора и Полска во овој квалификациски циклус за СП 2022, по повредата на крилниот фудбалер, Џејдон Санчо.

Новата ѕвезда на Манчестер јунајтед го напушти националниот тим на Герет Саутгејт, а допрва ќе се утврдува сериозноста на повредата со која се здоби на еден од тренинзите. Санчо не беше ни во можност да настапи во победата на Англичаните од 4-0 на гостувањето кај Унгарија, па сега е под знак прашалник дали ќе закрепне за следните обврски со Црвените ѓаволи, кои продолжуваат со дуелот против Њукасл на 11 септември.

Санчо досега настапи во сите три лигашки натпревари на Јунајтед, од кои во еден беше стартер, а уште се чека негов придонес во играта на составот предводен од Оле Гунар Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести