Саутгејт се осоколи, сака да се обиде да ја освои светската титула со Англија

Неизвесна е судбината на Герет Саутгејт, селекторот на актуелниот европски вицешампион, по завршувањето на континенталниот шампионат.

Селекторот на Гордиот Албион се надева дека Фудбалската федерација на Англија, ФА, ќе донесе одлука тој да продолжи да ја води националната репрезентација.

„Мора прво да се пласираме на Светското првенство во Катар. Сега сакам само да се одморам и да го анализираме нашиот настап на Европското првенство и секако дека би сакал да ја предводам Англија на Мундијалот идната година“, рече Саутгејт.

Одамна  немало толку поделени мислења за еден селектор на репрезентација што играла на големо натпреварување.

Дел од фудбалската јавност во Англија го фали Саутгејт дека успеал да ја однессе репрезентацијата во првото финале на Европските првенства, но дел и го критикуваат за неколку чудни одлуки, малата минутажа за Санчо, Рашфорд и Грилиш и особено за изборот на фудбалери што шутираа пенали во финалето против Италија, што домаќините предводени од Саутгејт го загубија со 2:3 на пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести