Саутхемптон испиша историја, на Арсенал титулата му се лизга од раце! (Видео)

Арсенал и Саутхемптон ремизираа 3-3 во дуелот на првиот и последниот на табелата во англиската Премиер лига.

Светците станаа прв клуб во историјата на Премиер лигата кој како „фенерџија“ му дал три гола на лидерот, но и тоа не беше доволно за победа. Арсенал се спаси од пораз со голови во 88-ма и 90-та минута, а Тросард имаше шанса (ја погоди рамкката на голот) дури и да им донесе победа на лондонските Топчии, кои три кола по ред играат нерешено.

Сега Арсенал има пет бода предност пред Манчестер сити, но Граѓаните имаат два меча помалку, и ако ги добијат, ќе бидат први. Плус тоа, Арсенал треба да му гостува на Сити, па затоа актуелниот првак важи за поголем фаворит за титулата отколку актуелниот лидер на табелата.

Голот на Сака за 3-3 може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести