Савевски: Да ги „скратиме крилјата“ на Холандија и ако можеме да изненадиме

Со срце за Македонија сигурно ќе одиграат ракометните репрезентативки на денешниот дуел против Холандија, ривал кој е голем фаворит за победа. Холанѓанките во првото коло во драматичен меч ја победија Романија со 29:28, а нашата репрезентација загуби од Франција со 24:14.

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски, знае дека Холандија е фаворит, но ако постои и најмала шанса да се изненади, тоа ќе го направиме.

„Најважно е да имаме добар ден, нашиот голман да биде на ниво и секако трибините да бидат полни за да дојдеме до посакуваното изненадување. Холандија ја победи Норвешка со десет разлика и тоа кажува и повеќе од доволно за нивниот квалитет. Станува збор за силна селекција и ние треба да сме реални. Имаат исклучително брзи крила, затоа мораме да трчаме многу брзо и да се обидеме да ги покриеме. Наше е да се обидеме и би бил премногу среќен ако се обидеме да ги изненадиме“, изјави Савевски.

Дуелот се игра од 18 часот во СРЦ „Борис Трајковски“, а освен овој меч, денеска се играат уште три средби од Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести