Савевски направи подвиг со златните девојки, ќе биде селектор и координатор на сите женски селекции во следните две години

Љубомир Савевски ќе биде селектор и координатор на женските национални селекции во следните две години, како награда за големиот успех со генерацијата на ракометарки до 17 години.

По освоеното прво место во Литванија, Македонија ќе игра на следното Европско јуниорско првенство, предводена од познатиот македонски рекометен стратег.

Ракометната федерација на Македонија одлучи да му го продолжи договорот до 2023 година.

Почитувани,

Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.

Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место.

Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е  именуван ќе ја извршува за период од две години.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести