Савичевиќ: Хрватска имаше среќа во Катар, со два шута на три меча стигна до медал!

Црногорската фудбалска легенда, и актуелен претседател на фудбалската федерација во неговата земја, Дејан Савичевиќ, во едно интервју во кое го анализираше Светското првенство во Катар, кажа дека Хрватите имале многу среќа, а најкорисниот Лионел Меси го критикуваше дека повеќе се шетал по терен отколку што трчал.

„Хрватска имаше многу среќа, но за голем резултат секогаш е потребна среќа. Еден играч ми рече: Што мислеа Хрватите, дека со вкупно два шута на гол во три меча ќе играат финале? Се знаеше дека Хрватска има добар среден ред, но им недостасува шпиц како Манџукиќ, а фалеше и еден играч од типот на Ребиќ. Србија немаше среќа, а физички беа распаднати. Ме чудеше однесувањето на четири-пет играчи кои против Камерун бараа да бидат заменети поради замор, а истите можеа да играат четири дена подоцна против Швајцарија. За разлика од другите во регионот, во Хрватска има култ кон репрезентацијата“ – анализира Савичевиќ.

Според Савичевиќ, Јошко Гвардиол да биде Англичанец, би вредел 300 милиони евра, а смета дека е штета што Хрватска не ги убедила за нив да играат Кристијан Пулишиќ и Дани Олмо.

Популарниот Дејо е изненаден што златото на СП во Катар го освои Аргентина.

„Меси на некои мечеви повеќе се шеташе отколку што трчаше, но секогаш даваше придонес и ја поведе екипата. Ме изненадија како растеа од меч во меч“ – додава Савичевиќ.

- Оглас -

Најнови вести