За Анчелоти се бара затвор речиси од пет години, два меча суспензија за Белингам

Лоши вести за Реал Мадрид на десетина часа пред реванш-дуелот со Лајпциг од осмифинафиналето во Лигата на шампионите.

Шпанското обвинителство побара затвор од 4 години и 9 месеци за тренерот на Реал, Карло Анчелоти, за неплаќање на данок во 2014 и 2015 година, со што го оштетил буџетот на Шпанија.

Анчелоти затаил данок во висина од малку над 1 милион евра за тие две години. Ваков проблем имаа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, но никој од нив не лежеше во затвор, секој од нив тројца на различен начин го избегна најлошото.

Освен ова, во Реал ја дознаа и должината на суспензијата во шпанското првенство за нивниот прв стрелец Џуд Белингам, кој поради приговор, доби црвен картон по завршувањето на мечот со Валенсија. Англичанецот за искажаното „тоа беше еб.н гол“ по контроверзниот момент во саботата кога судијата во лош момент свирна крај на мечот, доби црвен картон и забрана за настап од два меча, што значи дека нема да игра со Селта дома и со Осасуна на гости, а би се вратил за дербито со Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести