Се чека „кец“ на Алавес за Samsung Galaxy A6

Игор Данилов е прогнозерот кој денеска може да добие мобилен телефон Samsung Galaxy A6 и тоа благодарение на тоа што игра Спортска прогноза. Данилов досега има погодено 11 од вкупно 12 меча кои беа на понудата од 4. пролетно коло на Спортска прогноза. Без проблеми погоди дека Реал ќе слави во градското дерби против Атлетико, знаеше дека Сити ќе биде подобар од Челзи, но и ги погоди сите останати мечеви, освен еден.

Ремито на Валенсија на свој терен против Реал Сосиедад е „мината“ која не му дозволи на Данилов сега да се надева дека може да брка „Среќна 13-ка“ и да се бори за iPhone XS. Сепак и тоа едно промашување не мора да биде разочарувачко, бидејќи останува во игра за освојување на мобилен телефон Samsung Galaxy A6. За да добие Samsung Galaxy A6, Игор треба вечерва да навива за Алавес во дуелот против Леванте, каде настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Освен Данилов, со победа на Алавес ќе се израдуваат и 11 играчи кои би добиле вредносни ваучери од Sport Life, во вредност од по 200 денари.

Спортска прогноза уште еднаш покажува дека е игра во која треба да се проба среќата. Со бесплатно типување едноставно може да добиете многу вредни подароци.

 

- Оглас -

Најнови вести