Вечерва во Рим се играат двете полуфинални средби на Европското првенство за одбојкари, а според квотите во Sport Life, во финалето би требало да играат Полска и Италија.
Италијанците ги добија сите мечеви досега на ЕП 2023, домаќини се на завршницата, ќе имаат поддршка од трибините, а поседуваат и голем квалитет, тие се актуелни европски шампиони, па би било изненадување ако потклекнат против олимпискиот првак Франција, која сигурно си има свои математики.
Ова е дури 20-ти меѓусебен дуел на Италија и Франција на европските шампионати, засега скорот е 12-7 за Французите. Последен пат се сретнаа лани, но на Светско првенство во четвтфиналето победија Италијанците со 3-2. Селектор на Франција е италијанската легенда Андреа Џани.
Полјаците се големи фаворити барем на хартија против Словенија, но и тие на терен ќе треба да покажат дека се подобри. Традицијата е на страната на Словенците. Ова се два тима кои немаат пораз, а и ова е реприза од полуфиналињата во 2019 и 2021 година. Словенците победуваа во 2019 и 2021, овојпат Полска има трет обид конечно да се најде во финале.