Се е лесно кога ќе играш заедно со идолот – Остана на турнирот само за да игра дубл со светската легенда

Тунижанката Онс Џабер направи интересен потег и ќе игра на ВТА турнирот во Истбурн, специјално само за да и биде партнерка на легендарната Серена Вилијамс.

Џабер викендов го освои ВТА турнирот во Берлин и веднаш потоа објави дека нема да игра во Истбурн, иако беше пријавена за настап, но ја смени одлуката и тоа на интересен начин.

Нема да игра во поединечна конкуренција, но ќе настапи во женски двојки, откако и се отвори можност да и биде дубла парнерка на Серена Вилијамс.

Нејзиниот идол, помладата од сестрите Вилијамс исто така ќе игра само во дубл, а ова и е прв турнир по една година пауза.

Последен пат 40-годишната легендарна тенисерка играше на Вимблдон, лани, а се подготвува за настап на лоднсонскиот гренслем и за оваа година.

„Серена е тениска инспирација за сите тенисерки. Знаев дека ќе играме заедно во Истбурн уште пред да почне Ролан Гарос, но си молчев. Пресреќна сум што ќе играм заедно со таква спортска величина“, изјави Џабер.

Со победата во Берлин, Тунижанката се проби на третото место на ВТА листата што и е најдобар пласман во кариерата.

Серена е најтрофејната активна тенисерка со 23 гренслем титули и втора на вечната листа, зад Маргарет Корт со 24 пехари.

Помладата од сестрите Вилијамс игра феноменално и во двојки и има вкупно 23 титули на ВТА турнирите, а 14 од нив се на гренслемовите и сите и се освоени со Венус Вилијамс.

Џабур и Серена треба да го почнат настапот на турнирот утре, против Мери Бузкова од Чешка и Шпанката Сара Сорибес Тормо.

- Оглас -

Најнови вести