Сè е во ред со Давид Оспина

Повредата на Давид Оспина не е толку лоша колку што се очекуваше, голманот на Наполи е стабилен, покажаа медицинските прегледи. Колумбиецот вчера заработи силен удар во главата и колабира на теренот во мечот против Удинезе, по што мораше да му се укаже помош. Оспина не можеше да продолжи да игра и му го отстапи местото на резевниот голман на тимот од Неапол.

„За среќа, Оспина е во ред. Стабилен е и свесен, КЕТ прегледите се негативни“, истакна тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.

Мечот веднаш беше прекинат, а лекарските екипи влегоа да му дадат помош на голманот. Играчите на двата тима немо стоеја и гледаа што се случува со Оспина. Со возило на Брза помош Оспина беше пренесен во болница, а потоа стигна информацијата дека се освестил, но сепак ќе мора да остане во болница во следните 48 часа.

- Оглас -

Најнови вести