Се фалат дека се колевка на фудбалот, а не можат да дадат гол од игра повеќе од 400 минути

Англичаните го играат најлошиот циклус на натпреварување во својата богата фудбалска историја, а над 400 минути немаат дадено гол од игра.

Тоа не им успева ниту по еден час игра против Италија во меч од петтото коло во А сегментот на Лигата на Нации и ако не успеат да погодат и победат може и да испаднат во понизок ранг.

Хари Кејн погоди, но од пенал на 7. јуни во ремито со Германија, 1:1 и потоа на два меча по ред, со овој на „Сан Сиро“ во Милано вечерва до 60. минута и трет по ред не успеваат да дадт гол од било каква позиција.

Последен за Гордиот Албион од игра погоди Тајрон Минг, дефанзивецот на Астон Вила, на 29. март против Брегот на Слонбова Коска во пријателски меч.

Тогаш стрелци беа и Воткинс и Стерлинг и тие од игра, а потоа минаа дури четири меча без гол од игра за Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести