Се готви ли замена за Модриќ: директорот на Реал тајно се сретнал со агентот на Де Бројне

Хосе Анхел Санчес, човекот кој важи за десна рака на Флорентино Перес и директор на Реал Мадрид, имал тајна средба со агентот на ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Бројне.

Белгиецот има договор со Сити до 2025 година, а Граѓаните сигурно не би се согласиле да го ослободат за помалку од 100 милиони евра. Иако не е во цветот на младоста, Де Бројне, кој летово ќе наполни 31 година, игра врвно и веројатно во Реал него го посакуваат за наследник на ветеранот Лука Модриќ, кој уште го држи средниот ред, но тоа нема да трае вечно.

Според шпанските медиуми, Реал за да си ја олесни работата, на Сити ќе му го понуди Марко Асенсио и плус пари за ангажирање на Де Бројне. Самиот фудбалер нема ништо против да се пресели во Мадрид, особено ако и оваа сезона Сити не ја освои Лигата на шампионите.

Сепак, за Реал приоритетни трансфери летово се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд и вистинска сензација би било ако извисат за нив двајца, а го донесат Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести