Виетнам одлучи да се впушти во најамбициозниот спортски проект, можеби на сите времиња, и започнува со изградба на стадион што би можел да прими дури 135.000 навивачи. Иако многумина би очекувале ваков мегаломански проект да се одвива во САД, Кина или дури некаде во Европа, тој се појави на далечниот исток од Азија.
Архитектурата на новиот стадион е инспирирана од традиционалните виетнамски мотиви и има облик на древниот тапан „Донг Сон“, кој е исклучително културно наследство на оваа земја.
Стадионот, како и сите модерни, ќе биде мултифункционален и идејата е да биде комбинација од спорт и национален идентитет, па затоа таму ќе се одржуваат многу концерти и други церемонии.
Се очекува да биде завршен во 2028 година (според планот за изградба), а се очекува стадионот подоцна да „донесе“ многу врвни спортови во Виетнам. Стадионот ќе има подвижен покрив за да можат да се одржуваат настани во текот на целата година.
Моментално, најголемиот стадион во светот е во Северна Кореја и се вика „Рунгардо“, по него следува „Хасан II“, кој моментално е во изградба во Мароко и ќе може да прими 120.000 луѓе. На третото место е „Мичиген“ во истоимената американска држава со 107.000 седишта.

