Се играше Ел Класико во кошарка – Реал Мадрид ја победи Барселона

Реал Мадрид го доби кошаркарското Ел Класико против Барселона со 86:76 во меч со многу подеми и падови на двете страни.

Почетокот мина во апсолутна доминација на Кралскиот клуб и по силното темпо што не можеше да го следат гостите, Реал поведе со 32:14 по првата четвртина.

Потоа на сцена стапија Каталонците со уште поубедлива предност од цели 20 поени разлика за 10 минути игра и го добија вториот период со 36:16 за предност по полувремето од 50:48.

Клучен период беше третиот, што Реал го доби со 23:14 и направи комплетен пресврт за победа со разлика од 10 поени.

Барселона го претрпе вториот пораз во осмиот меч во Евролигата, а не помогна ниту најефикасниот поединец на дербито Никола Миротиќ со 19 поени.

Кај Реал, кој сега има биланс од 5-3, најефикасен беше Ентони Рендолф со 16 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести