Се исплати жртвата вредна трофеј: Еден меч суспензија за Валверде

Федерико Валверде ќе пропушти само еден меч поради црвениот картон кој го заработи во финалето од Суперкупот на Шпанија против Атлетико Мадрид. Остриот старт врз Мората и исклучувањето вредно за трофеј, му се исплати на уругвајскиот играч за врска бидејќи за директно заработен црвен картон обично суспензијата е повеќе натпревари.

Валверде нема да игра викендов против Севилја, но ќе биде во комбинација за гостувањето кај Валјадолид, а потоа и за градското дерби против Атлетико.

Жрвтувањето на Валверде се исплати поради освоениот трофеј, а неговиот прекршок врз Мората во непосредна близина на шестнаесетникот на Кралевите при резултат од 0-0 е окарактеризиран како момент кој го одреди победникот, бидејќи подоцна Реал славеше во пенал-рулетот.

- Оглас -

Најнови вести