Се излечи од Коронавирусот човекот што ја стави НБА во изолација

Јута џез објави дека Руди Гобер и Донован Мичел се излекувани од Коронавирус и моментно во клубот ниту еден играч или луѓе од персоналот не се позитивни на опасниот вирус.

Гобер е главниот виновник за прекинот на натпреварите во НБА-лигата, која не се игра поради епидемијата што го замрзна спортот во целиот свет.

Центарот на Јута џез е првиот кошаркар во најсилната лига на светот што имаше Коронавирус, а откако беше откриено, непосредно пред стартот на мечот меѓу Јута џез и Оклахома сити тандер на 11-ти март, веднаш беше одложен мечот, а неосредно потоа беа одложени сите мечеви и се пролонгираше целата сезона.

По него се зарази и Донован Мичел, но, за среќа, двајцата Олстар-кошаркари на Јута џез успешно го надминаа проблемот и како што објави клубот имаат негативни тестови и веќе немаат Коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести