Се јави Бразилецот кој освои 36 трофеи низ Европа: Сонот на малите не смее да згасне

Дани Алвес, еден од најдобрите бекови во историјата, како некогашен член на Барселона, Севилја, Јувентус и ПСЖ освои дури 36 трофеи низ Европа, па неговиот збор околу Суперлигата и тоа како треба да се почитува.

Алвес со Каталонците трипати беше првак во Лигата на шампионите, а својот став против новоформираното елитно натпреварување е повеќе од јасен.

„Фудбалот бил, е и ќе остане спорт кој го трансформира животот на луѓето. Не смееме да дозволиме оние на врвот да ја уништат можноста на малите клубови да сонуваат големи успеси“, напиша Алвес на споделената фотографија како се радува со Меси.

- Оглас -

Најнови вести