Се јави Кирјос со коментар за откажувањето на Надал

Австралиецот Ник Кирјос одморен ќе влезе во финалето на Вимблдон в недела бидејќи нема да игра полуфинале откако Рафаел Надал поради повреда на мускул во стомакот, го откажа настапот.

Кирјос првпат во кариерата ќе игра финале на гренслем и за титулата во Лондон ќе се бори со Новак Ѓоковиќ или Камерон Нори. По одлуката на Надал да се повлече, Кирјос се јави со порака преку социјалните мрежи.

„Различни играчи, различни карактери. Рафаел се надевам дека твоето закрепнување ќе помине како што треба и дека наскоро повторно ќе бидеш здрав. До следно видување“, порача Кирјос.

- Оглас -

Најнови вести