Се калемеше во Дортмунд гледајќи иднина во Реал, а сега ќе го засили Интер

Афшар Хакими наскоро ќе биде нов играч на Интер, откако италијанскиот гигант постигнал договор со Реал Мадрид за услугите на мароканскиот бек. Сумата на трансферот изнесува 40 милиони евра, а моментално се договараат последните детали за ангажманот, воедно се изготува договор за Хакими на пет години.

Пуленот на Кралевите изминативе две сезони ги мина во Борусија Дортмуд како позајмен играч, по што се прогласи за успешна мисијата да стекне искуство играјќи во атрактивна и квалитетна лига, а воедно во добро светло се покажа на меѓународната сцена. Сепак, тоа не му донесе гаранција дека во новата сезона ќе биде првотимец на Реал, па затоа одлучи да ги спакува куферите и да отпатува за Милано.

Дваесет и едногодишниот Хакими сезонава запиша 44 настапи за Милионерите во сите натпреварувања, во кои реализира девет погодоци и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести