Се караа кој да го изведе пеналот за победа во 96-та минута, па утнаа (Видео)

Хајдук и Осиек одиграа 1-1, но на мечот во Сплит, домашните имаа прилика да победат, бидејќи во 96-та минута беше досуден пенал за Билите.

Двајца играчи се спречкаа околу топката и за тоа кој треба да го изведе пеналот. Бразилецот Жаиро и либанскиот Данец Басел Жради се караа, а битката околу грабнувањето на топката ја доби Жради. Но, наместо јунак, тој се претвори во трагичар, бидејќи силниот шут од 11 метри му беше одбранет.

Погледнете ги најинтересните моменти на средбата, а пеналот во финишот на видеото:

- Оглас -

Најнови вести