Се колнам дека имавме тројца Алиовци на терен

„Се колнам дека имаше тројца Алиовци на терен во второто полувреме. Македонскиот репрезентативец трчаше како навиен. Имаше енергија за сите и мислам дека истрча повеќе од половина наш тим заедно“, е еден од најоригиналните коментари на навивачите на Лидс за играта на Езџан Алиоски против Милвол.

Лидс успеа да направи голем подвиг и од 0:2 да победи со 3:2, а Алиоски особено во второто полувреме беше извонреден.

„Воопшто не застана да трча во ниту еден момент. Имате ли мапа од неговото движење? Изгледаше како човекот да истрча сто километри. Езџан покажа карактер што ни треба од секој играч на Лидс за пласман во Премиер лигата“, е уште еден коментар на симпатизер на лидерот во Шампионат лигата.

Лидс успеа да го искористи киксот на Вест Бромич и со победа против Милвол од 3:2 да се искачи на врвот на табелата со 55 бода по 29 одиграни натпревари. ВБА е втор со 53, а првопласираните два клуба ќе се пласираат директно во Премиер лигата, додека четири под нив ќе играат бараж за уште едно место во елитната англиска лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести